Една Росица, која постојано се дружи со децата и ги прави срекни е многу тажна. Се жали од Влатко и за него вели:тој не знае ни пристојно да се однесува,тој во еден ден прави триста бељи.
Прегледи: ...
Дата: 3-Јули-2017
Време траење: 00:24:51
Категории: ДЕТСКА ДРАМА НЕ Е ПРАЗНА СЛАМА
Една Росица, која постојано се дружи со децата и ги прави срекни е многу тажна. Се жали од Влатко и за него вели:тој не знае ни пристојно да се однесува,тој во еден ден прави триста бељи.
На улица не внимава на автомобилите и не ги ги почитува сообраќајните правила и знаци.
Росица трча по него вика: Ах бре Влатко,Влатко, барем за кратко биди дете слатко,почитувај сообраќаен знак не трчај како зајак
Росица Се сети , kako без проблемче дa го скроти ова момче. Ги испрати цветчињата да танцуваат за него.
Ама Влатко си врви попатот. Пеперутките леткаат од цвет на цвет а нашиот Влатко како вистински лутко топката ја тапка, ја шутка .
Но кога Влатко рече: Леле колку сум изморен, колку многу трчав денеска!
Господинот Сон истура волшебна прашина, а сонот почна да танцува како небесна балерина на ѕвездена бина.
Сонот ми шепоти:Влатко се скроти ...
Е Влатко, Влатко, сега си дете слатко,
На прсти да се подигнеме
Веднаш до него да стигнеме
со дланки да го досегнеме
да се поздравиме и да си легнеме.