Изборот на средното училиште, го трасира патот кон реализирање на професионалниот идентитет.
Прегледи: ...
Дата: 9-Фев-2015
Време траење: 00:25:20
Категории: ОД УЧИЛИШТЕ ДО ПРОФЕСИЈА
Изборот на средното училиште, го трасира патот кон реализирање на професионалниот идентитет.
Луѓето се разликуваат по тоа што ги интересира, но и по тоа што можат и што умеат да прават и во што се успешни. Некои одлично се снаоѓаат со бројките, а некои се вешти со рацете.Сигурно секој сака да го избере занимањето кое најмногу му одговара – за во иднина да му причинува задоволство .
Ако сте лице кое има способност да комуницира, да организира, да соработува, да применува правни правила, да почитува рокови и постојано да ги следи измените на законите и правилата, тогаш образовниот профил правен техничар од економско- правна и трговска струка е вистинскиот избор за вас.
,, Правен техничар,, е една од поодговорните професии во светот кои го движат работењето во една канцеларија. Најчесто тоа е лице со кое што странките или клиентите го имаат прв контакт.
Откако ќе го направите изборот ОСТАНУВА ДА ЧЕКОРИТЕ САМО ПРАВО И ДА ПОГОДИТЕ ПРАВО ВО ЦЕЛТА.