Прегледи: ...
Дата: 1-Дек-2023
Време траење: 00:08:19
Категории: МАКЕДОНИЈА ОТВОРЕНА ПРОГРАМА- МИНИСТЕРСКИ СОВЕТ НА ОБСЕ
Со жестоки критики за улогата на Западот во поткопувањето на темелите на ОБСЕ и на обидите да им се продолжат мандатите на функционерите во организацијата, како и со обвинување дека западот и режимот во Киев сакаат продолжување на војната во Украина, вака помина прес-конференцијата на шефот на руската дипломатијата Лавров во Скопје. Тој ги нарече Блинкен и Борел обични кукавици. Американскиот амбасадор во ОБСЕ Карпентер со коментар - никој не сака да седи на иста маса со Лавров и да ги слуша неговите лаги, дезинформации и пропаганди.
Анита Димитриевска-Велковска известува за пораките и заклучоците од завршната конференција на Министерскиот совет на ОБСЕ.