Прегледи: ...
Дата: 1-Дек-2023
Време траење: 00:07:25
Категории: МАКЕДОНИЈА ОТВОРЕНА ПРОГРАМА- МИНИСТЕРСКИ СОВЕТ НА ОБСЕ
Со жестоки критики за улогата на Западот во поткопувањето на темелите на ОБСЕ и на обидите да им се продолжат мандатите на функционерите во организацијата, како и со обвинување дека Западот и режимот во Киев сакаат продолжување на војната во Украина – вака помина прес-конференцијата на рускиот шеф на дипломатијата Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ. Тој ги нарече Бликен и Борел, како и Полска и балтичките држави кои не беа присутни на отворањето на Советот, обични кукавици. Според лавров, Русија не е изолирана. Миле Ристески известува за пораките од неговата прес-конференција.