Прегледи: ...
Дата: 1-Дек-2023
Време траење: 00:08:40
Категории: МАКЕДОНИЈА ОТВОРЕНА ПРОГРАМА- МИНИСТЕРСКИ СОВЕТ НА ОБСЕ
Македонија се покажа како одличен домаќин и организатор на 30-тиот Mинистерски совет на ОБСЕ. Салата „Борис Трајковски“ се празни, а делегациите заминуваат од нашата земја. Малта е новиот претседавач. Се продолжуваат и мандатите на раководството на организацијата. Последниот ден го одбележаа и обвинувања. Рускиот шеф на дипломатијата Лавров ја искористи можноста да ги нарече кукавици Блинкен и Борел, бидејќи избегнале средба со него. Американскиот амбасадор на ОБСЕ не остана должен, му порача на рускиот шеф на дипломатијата дека никој не сакал да седи на иста маса со него и да ги слуша неговите лаги.
Известува Анита Димитријевска- Велковска