Потребно е Flash plugin да биде инсталиран и активиран за да се прикаже видеото. Ве молиме кликнете долу за да го превземете и инсталирате.

Доколку е веќе инсталиран, а сепак се прикажуваа оваа грешка, тоа значи дека plugin-от не е активиран. За да го активирате направете ги следните чекори. Од менито за опции изберете Manage Add-ons, потоа Toolbars and extensions, потоа селектирајте Shockwave Flash Object и кликнете на Enable во долниот десен агол. Потоа направете refresh на страната.

Друго решение е да користите Google Chrome, Microsoft Edge, Safari или Opera прелистувач, бидејќи тие немаат потреба од Flash plugin.

..




Како да гласате на Јуниорски Евросонг 2023?

Прегледи: ...

Дата: 20-Ноем-2023

Време траење: 00:01:06

Категории: МРТ ПРОМО

Гласајќи на интернет и вие можете да учествувате во изборот на победник на Јуниорскиот Евросонг 2023!

Без разлика каде и да сте во светот, од петок, 24-ти ноември, може да гласате на официјалната страна на Јуниорскиот Евросонг jesc.tv каде што можете да ги погледнете кратките прегледи од земјите учеснички.

Потоа имате право да гласате за тројца ваши фаворити вклучувајќи ја и својата земја доколку учествува на натпреварот.

Пред да почне настапот во живо, во недела, 26-ти ноември, гласањето привремено ќе се затвори.

По завршувањето на шоуто гласањето повторно се отвора во времетраење од 15 минути.

Вашите гласови потоа се праќаат на гласачки тим, кој ги претвора гласовите во поени, а за другата половина од гласовите одлучува професионално жири.

Како и секогаш, песната со најмногу поени ќе победи.

Затоа, поддржете ги вашите фаворити и гласајте на jesc.tv!