Потребно е Flash plugin да биде инсталиран и активиран за да се прикаже видеото. Ве молиме кликнете долу за да го превземете и инсталирате.

Доколку е веќе инсталиран, а сепак се прикажуваа оваа грешка, тоа значи дека plugin-от не е активиран. За да го активирате направете ги следните чекори. Од менито за опции изберете Manage Add-ons, потоа Toolbars and extensions, потоа селектирајте Shockwave Flash Object и кликнете на Enable во долниот десен агол. Потоа направете refresh на страната.

Друго решение е да користите Google Chrome, Microsoft Edge, Safari или Opera прелистувач, бидејќи тие немаат потреба од Flash plugin.

..




94-тe Оскари® ексклузивно на МРТ

Прегледи: ...

Дата: 18-Март-2022

Време траење: 00:00:19

Категории: МРТ ПРОМО

Македонската Радио Телевизија ексклузивно ќе го емитува 94-то доделување на Оскарите в недела, 27-ми март. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2021 година. Вестернот „Моќта на кучето“ има 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ 10, а поседум номинации добија „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.

На Оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите.

Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс првпат ќе бидат водителки на Оскаровската церемонија.

„Годинава идејата на Оскаровското шоу е да се обединат љубителите на филмот. Затоа и поканивме три од најдинамичните, забавни жени со многу различни стилови во комедијата“, изјави продуцентот на шоуто Вил Пакер.

Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот Долби во Холивуд и Хајланд®, Холивуд, ќе го пренесуваат преку 200 територии во светот.