
Илијана Јотова ја победи претседателската трка во Бугарија и стана првата жена на чело на државата. Во вториот круг освои 57,58 отсто од гласовите, наспроти 39,47 проценти за Андреј Ѓуров. Американците утре излегуваат на конгресни избори кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон и ќе бидат тест за поддршката на Трамп. Лажни предупредувања за нуклеарна и хемиска опасност ги вознемирија граѓаните во Украина и Русија по хакерски напади врз апликациите за итни известувања. Примирјето во украинскиот град Олешки заврши синоќа, откако беа евакуирани повеќе од 750 луѓе. Иран нуди отворање на Ормускиот Теснец за два дена, се чека одговорот на САД. По викендот немири, продолжуваат училишните блокади во Франција. Девет лица загинаа откако приватен авион „Лирџет 60“ се урна врз станбена област во округот Палм Бич, во Флорида.
Бојана Крстевски