
Прегледи: ...
Дата: 21-Окт-2026
Време траење: 00:22:40
Категории: КУЛТУРА КУЛТУРНО - УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА
Ана и Игор Дурловски повторно пред домашната публика, со концертот „Завет“ - од светот до изворот. Концертот ќе се одржи на 6ти декември во С.Ц. Јане Сандански. На концертот ќе бидат изведени дела од опери, филмска музика и македонски дела, во нови аранжмани. Ана Дурловски, пред една година одбележа 25 години на сцената. Колку се промениле Ана и нејзиниот поглед кон сцената за овие 25 години, што добила, а што можеби изгубила по пат и зошто по сите светски сцени повторно избира да создава дома - разговараме одблиску токму со Ана Дурловски.