
Прегледи: ...
Дата: 11-Окт-2026
Време траење: 00:03:34
Категории: КУЛТУРА
Групата „Меморија“ продолжува да ја пишува музичката историја. На 23 октомври со концерт во арената „Јане Сандански“ во Скопје. 40 години на сцената, публика од сите генерации, успехот и долготрајноста ги определува публиката вели Перо-Камиказа кој прошета и низ минатото и раскажа за почетоците на бендот. Посебен сегмент од концертот ќе биде посветен на прерано починатиот музичар, композитор и продуцент Тоше Поп Симонов преку изведба на негови антологиски песни. Публиката на сцената ќе ги види и Давид Темелков од Загреб, Игор Џамбазов, поранешни членови на „Бон-тон“, Бени Шаќири, „Бис-без“ а најавуваат и многу други изненадувања. Најава и за нов албум а и за документарен серијал посветен на бендот и развојот на македонската рок музика низ децениите.
Ана Јосифоска