
Во Босна и Херцеговина се одржуваат општите избори. 3,4 милиони гласачи избираат претставници на државно, ентитетско и кантонално ниво. Германскиот канцелар Фридрих Мерц пристигна во ненајавена посета на Киев, каде што треба да објави нов пакет германска помош за Украина во вредност од над 1,3 милијарди евра. Франција влегува во нова недела на тензии откако протестите на средношколците, поддржани и од дел од студентите, се проширија низ земјата. Коалицијата „Обединета листа“, предводена од актуелниот премиер на земјата Андрис Кулбергс, доби најголема поддршка од избирачите и освои околу 35,3 проценти од гласовите на парламентарните избори во Летонија. Претседателот на САД, Доналд Трамп ги бранеше центрите за податоци кои ги опслужуваат проектите за вештачка интелигенција, но кои станаа спорно прашање во кампањата низ целата земја.
Маријана Димовска