
Прегледи: ...
Дата: 6-Јули-2026
Време траење: 00:09:08
Категории: КУЛТУРА МАКЕДОНИЈА НАУТРО
Од 10 до 12 јули, живописниот Галичник повторно ќе биде домаќин на една од најпрепознатливите и најавтентични културни манифестации во Македонија – „Галичка свадба“. Илјадници посетители од земјава и странство и годинава ќе имаат можност да бидат дел од единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај. Во центарот на вниманието на годинешната Галичка свадба ќе бидат галичките младоженци, Александар Пендароски и Мартина Михајлова. Разговор со нив во „Македонија наутро“.