
Прегледи: ...
Дата: 14-Март-2026
Време траење: 00:12:10
Категории: МАКЕДОНИЈА
Трагедиите не смеаат да останат без одговор, државата има обврска да ја бара вистината и да ја обезбеди правдата. Во организација на владата се одржа меѓународната конференција за институционалнтата реакција и клиничките аспекти по пожарот во кочанската дискотека. Започна со едноминутен молк во чест на жртвите, продолжи со ретроспектива на реакциите во кобната нож. Медицинските тимови со огромна пожртвуваност се бореа за животите, институциите реагира соодветно, алармот за странска помош донесе навремена поддршка. Но каква стратегија мора да имаме. Конференцијата заврши со говорот на претседателката Сиљановска Давкова, претходеше скроената стратегија од здравство со потребните нови реформи и нов механизам по научените лекции. Андријана Ѓурческа известува