Прегледи: ...
Дата: 25-Јуни-2025
Време траење: 00:00:38
Категории: ЕКОНОМИЈА
До крајот на годинава ќе се донесат закони за обновливи извори, за енергетска ефикасност, за јавно-приватно партнерство, за геологија и рударство со кој првпат се заштитува македонскиот рубин како национално богатство најавуваат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.
До крајот на годинава цената на струјата нема да се промени. Министерката Божиновска посочи и дека проектот „Вардарска долина“ не е откажан поради изградба на брзата пруга на Коридорот 10.
По повод една година од основањето на оваа институција, министерката посочи дека во изминатата година изградиле институција што ја движи енергетиката, а особено го истакна значењето на новиот Закон за енергетика.