Прегледи: ...
Дата: 20-Ноем-2024
Време траење: 00:08:15
Категории: МАКЕДОНИЈА
Бројот на легла во државните студентски домови се намалува во континуитет. Ова може да се заклучи ако се споредат извештајот на Државниот завод за ревизија и информациите од Министерството за образование и наука. Од 5.815 легла во 2019 година, годинава во државните студентски домови има 4.303 легла, или помалку за 1.512. Најмногу легла има во „Гоце Делчев“, нешто повеќе од 1.200. Околу илјада места се во „Пелагонија“, 370 во „Сениќ“. Од другите градови, најмногу студентски легла има во Битола, речиси 400. Но, освен тоа што се намалува нивниот број и условите не се на потребното ниво. „Пелагонија“ е најдрастичен пример. Таму денеска е поставен нов директор. Гостин во Тема на денот во Дневникот на јавниот сервис е Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Со него разговара Мартин Пушевски.