Манастири во Скопско
Прегледи: ...
Дата: 18-Ноем-2019
Време траење: 00:35:34
Категории: ДОКУМЕНТАРНА ПРОГРАМА
На неколку километри оддалеченост од Скопје има манастири и цркви кои претставуваат вистински древни чувари на православието. Својата форма ја чуваат со векови и изобилуваат со приказни за нивното создавање. Документарниот серијал „Манастирите во Скопско“ одговара кои биле фрескосликарите и копаничарите, кои го врежале својот талент во дрвото во надалеку прочуените иконостаси, олтари, престоли за црковните великодостојници, како се одвива животот во нив, кој се грижи за нив.Во документарниот серијал „Манастирите во Скопско“ се опфатени Марковиот манастир, Манастирот Матка и црквите во неговата околина и манастирите на Скопска Црна Гора.