Планинарењето – Стил на живот

Поголем дел од луѓето за планинарењето мислат дека е обично заминување на планина чија цел е освојување на некој врв.

Гледачи: 240

Дата: 14-Мај-2019

Време траење: 00:19:49

Категории: ДОКУМЕНТАРНА ПРОГРАМА - ЕМИСИИ

Поголем дел од луѓето за планинарењето мислат дека е обично заминување на планина чија цел е освојување на некој врв. Но вистинските љубители на планинарењето добро знаат дека тоа не е само физичка активност, туку многу повеќе од тоа. Тоа е запознавање на самиот себеси, откривање на аспектот на личноста за која не сте ни знаеле дека постои во вас, враќањето во природата и запознавање со нејзините исконски одлики.
А ние луѓето, животните навики ги стекнуваме уште од најрана возраст. Затоа потребно да се анимираат родителите да ги носат почесто своите деца на планина, зашто е важно уште од мали нозе тие да се привикнуваат на престојот во планина, да се запознаат со основните поими на планинарењето, да ја засакаат природата, да научат да се снаоѓаат, и секако, да ја сочуваат во нејзиниот изворен облик. Ова беше главниот поттик да планинарското друштво Макпетрол почне со организирање на планинарски акции Родители и деца.