Прегледи: ...
Дата: 6-Јули-2023
Време траење: 00:17:07
Категории: МАКЕДОНИЈА ВАШ ЈАВЕН СЕРВИС
На први јули беа објавени конечните резултати од уписите во средните училишта. Министерството за образование информираше дека во прва година се запишале 15.481 ученик, од кои речиси две третини во средните стручни училишта. Последниве години интересот за средните стручни училишта е сè поголем, а како дел од средното стручно образование во земјава веќе неколку години функционира проектот за дуално образование.
Инвестицијата во дуалното образование е инвестиција во реалниот сектор и можност компаниите да учествуваат во креирањето на потребниот кадар, што е подеднакво важно за економскиот развој на една земја.
За ефектите од дуалното образование кај нас, во „Ваш јавен сервис“ Сања Орушева разговара со Наташа Јаневска од Стопанската комора.