
Прегледи: ...
Дата: 2-Окт-2026
Време траење: 00:19:15
Категории: КУЛТУРА КУЛТУРНО - УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА
Еден од најреномираните и најуспешни наши, а светски режисери, Милчо Манчевски, повторно е на големата светска филмска сцена. Неговиот најнов филм „Сестра, брат и шахта“ ќе има светска премиера на 30 октомври, и тоа во натпреварувачката програма на Меѓународниот филмски фестивал во Токио. Манчевски за само една година сними два долгометражни филма - едниот документарен, а другиот игран, што е навистина голема реткост во оваа професија. Како е повторно да се оди во Токио, каде што Манчевски е добро познато име и веќе има своја публика? Која е приказната што се крие зад „Сестра, брат и шахта“ и каква е црната комедија што ја носи филмот? Но и - како изгледа да се помине еден ден на снимање со Манчевски?
Интервју на Јаглика Петковска.