
Прегледи: ...
Дата: 31-Окт-2025
Време траење: 00:06:53
Категории: МАКЕДОНИЈА
Последен ден од изборната кампања. Молк од полноќ. На втори ноември се гласа втор круг за градоначалници и советници во 32 општини и во град Скопје. Ќе се прегласува за членови на Советот на општина Шуто Оризари. Право на глас имаат милион 13 илјади 375 граѓани, пријавени да го остварат демократското право на глас се и 4.826 болни лица и изнемоштени лица. Изборите ќе ги следат околу 1.600 странски набљудувачи. На терен последни подготовки и активности. Пораки во трката по гласови.
Луѓето на ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека имало притисоци и уцени кон опозициските кандидати во кампањата, претседателот на СДСМ, Филипче очекува опозициското расположение да расте. 
Викторија Милевска известува.