Прегледи: ...
Дата: 29-Септ-2025
Време траење: 00:07:11
Категории: МАКЕДОНИЈА
Почна трката која традиционално ја претвора секоја улица во политичка сцена, а секое ветување – во насловна вест. Од денеска официјално стартува кампањата за локалните избори. Локалната демократија повторно ќе биде на испит, а граѓаните – на удар од плакати, спотови и партиски слогани што ветуваат „подобро утре“ уште од денес.
И додека кандидатите се натпреваруваат кој ќе понуди повеќе квадратни метри асфалт и помалку дупки на патиштата, вистинското прашање останува исто: ќе победат ли визиите за локален развој или старите навики на клиентелизам и лични ветувања?
Борис Грујовски во Дневникот на МРТ со сублимат од изјави на кандидати за градоначалници за Градот Скопје, кои дадоа изјави до овој момент.