Прегледи: ...
Дата: 14-Септ-2025
Време траење: 00:02:55
Категории: МАКЕДОНИЈА
Пожарот во Трубарево, во складиштето за електронски отпад е ставен под целосна контрола. Нема активно горење, но има силен чад, кој се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште еден дел од опожарената површина, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Ангелов.
Синоќа заседаваше Управувачкиот комитет за справување со кризи. Надлежните ги предупредија жителите во соседните куќи дека мора да ги напуштат домовите. На располагање за времено сместување е опремен Центарот за обука во Идризово. Енормно загадување има до 150 метри од жариштето.
Првите резултати од Државниот инспекторат и од специјализираните лаборатории се очекуваат многу наскоро. Компанијата која го складира отпадот поседувала важечка десетгодишна дозвола за работа, издадена во 2021-та година.