Прегледи: ...
Дата: 5-Јули-2025
Време траење: 00:00:53
Категории: МАКЕДОНИЈА
Приведен „бајач“ од скопско. Измамил брачен пар од Берово, им земал 400.000 евра. Изминативе три години 54 годишниот „бајач“ од село Трубарево претставувајќи се како „Божји човек“ од седумдесет и шестгодишниот беровец и неговата сопруга во повеќе изнудувал од 5.000-6.000 евра. Осомничениот тврдел дека има моќ да растури магија која наводно била направена над нивниот син и му го загрозувала здравјето и животот.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека вчера, на 4 јули, во Берово од слобода се лишени осомничениот Д.И. (54) и неговата мајка д.и. (76), исто така од Трубарево.
Против двете приведени лица од МВР велат дека е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело измама, а истите се предадени на судија за претходна постапка во Основниот суд Кочани.