Прегледи: ...
Дата: 28-Мај-2025
Време траење: 00:05:25
Категории: МАКЕДОНИЈА
Завршувањето на грејната сезона и растот на температурите, го минимизираат интересот за причините за високата концентрација на високи честици. Градот Тетово со високата концентрација на опасните честици, честопати е високо на листата на загадени градови. Државниот мониторинг систем има само една станица. Во потрага по информации но и соборци за чист воздух, тетовци го откриваат својот невиден непријател – воздухот што зборува. Во оваа неверојатна научно-уметничка приказна, група истражувачи, студенти и уметници се обидуваат да го разоткријат загадувањето што го крие градот, користејќи современа технологија, граѓанска наука и моќта на светлото. Погледнете како науката станува уметност, а уметноста глас за иднината, во борбата за чист воздух и живот во Тетово.
Катерина Топалова