Прегледи: ...
Дата: 6-Фев-2025
Време траење: 00:04:43
Категории: МАКЕДОНИЈА
Почетниот буџет на Фондот за здравство за годинава е 53,4 милијарди за 7 милијарди поголем од ланскиот. Со парите ќе може да се направи исчекор во здравствената заштита, вели првиот човек на ФЗОМ. Зголемени се буџетите за дијагностички лаборатории, целта на зголемување е да се подобри покриеност на лаборатории за да се скрати време на чекање за овие услуги. За медицинска дејност зголемени се надоместите мора да се инвестира во примарна и секундарна мрежа за да се намалат болнички денови и болнички трошоци. Потребна е реформа во здравствениот систем, која требала да се случи пред 10 години, рекоа од Комората за приватното здравство.
Известува Андријана Ѓурческа.