Прегледи: ...
Дата: 21-Ноем-2024
Време траење: 00:05:56
Категории: МАКЕДОНИЈА
Хаосот со градскиот превоз ќе биде решен. Владата утврди кризна состојба и ќе одвои дел од државните нафтени резерви. За Град Скопје ова е добра политика која се води со разум, а не со инает. Од преписките – кој е виновен, настрадаа граѓаните. ЈСП прифатил една единствена понуда која се јавила на тендерот, а според огласот на самото јавното претпријатие доколку цената е над 100 денари без ДДВ не е прифатлива, и тендерот пропаѓа. Токму затоа и Бирото за јавни набавки ја поништило постапката. Но што се случувало со јавните набавки за нафта во ЈСП ќе истражува Финансиската полиција, по налог на Обвинителството. За ситуацијата со јавниот превоз денеска свика итна седница и Советот на Град Скопје. Известува Александра Спировска.