Прегледи: ...
Дата: 11-Ноем-2024
Време траење: 00:13:12
Категории: МАКЕДОНИЈА
Ниските температури го зголемија и нивото на ПМ-10 честички. Загадувањето во текот на денот, е различно низ целата држава. Скопје е најпогодено, но тука се и Битола, Куманово, Охридско-кичевскиот регион. Надлежните како и секоја година, велат дека инспектори се на терен и се преземаат мерки. Но граѓаните и не чувствуваат промени. Најголемата надеж е ветерот. Алармантно е тоа што децата во градинките и училиштата дишат воздух со двојно повисоки загадувачки честички од пропишаните – покажаа истражувањата на „Алармот гори“. Борис Грујоски од Скопје, Елена Георгиевска од Куманово и Соња Рилковска од Охрид, во денешната Тема на денот. Од трите градови во државата бараме одговори како да дишеме почист воздух.