Прегледи: ...
Дата: 8-Окт-2024
Време траење: 00:00:52
Категории: ЕКОНОМИЈА
Следната недела ќе биде конституиран Економско-социјален совет, најави премиерот. Во отворената програма на Македонската телевизија „100 дена Влада“, Мицкоски истакна дека веќе имале разговори со дел од синдикатите кои побарале дијалог со владата со акцент на образование и наука и се очекува власта да излезе со официјален став за конечната позиција на нивните барања.
Во однос на забелешките на Сојузот на синдикати на Македонија и на Организацијата на работодавачи дека ништо не било направено, Мицкоски рече дека ССМ била една од ретките институции кои се политички инструирани. Напомена дека оние коишто побарале средба, оствариле. Што се однесува пак, до работодавачите, премиерот рече дека цело време разговарале со стопанските комори.