Потребно е Flash plugin да биде инсталиран и активиран за да се прикаже видеото. Ве молиме кликнете долу за да го превземете и инсталирате.

Доколку е веќе инсталиран, а сепак се прикажуваа оваа грешка, тоа значи дека plugin-от не е активиран. За да го активирате направете ги следните чекори. Од менито за опции изберете Manage Add-ons, потоа Toolbars and extensions, потоа селектирајте Shockwave Flash Object и кликнете на Enable во долниот десен агол. Потоа направете refresh на страната.

Друго решение е да користите Google Chrome, Microsoft Edge, Safari или Opera прелистувач, бидејќи тие немаат потреба од Flash plugin.

..




Мицкоски на средби со европските челници

Прегледи: ...

Дата: 19-Септ-2024

Време траење: 00:03:21

Категории: МАКЕДОНИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни и за евроинтеграции Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани престојуваат во работна посета на Брисел. Мицкоски во Брисел заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на работен ручек организиран од претседателката на Европска комисија Урсула Фон дер Лајен. Предвидена е и средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. На дневен ред во Брисел е планот за раст на регионот, ќе се оценуваат понудените проекти од секоја земја поединечно, и тие потоа треба да бидат одобрени од комисијата. Но, премиерот Мицкоски не исклучува да се разговара и за одложена примена на уставните измени. Мицкоски истакна дека на средбите ќе ја пренесе фрустрацијата на македонскиот народ за вештачки наметнатите пречки за продолжување на преговорите со ЕУ. Од Брисел известува Марина Стојанова-Тонева.