Прегледи: ...
Дата: 14-Септ-2024
Време траење: 00:09:30
Категории: МАКЕДОНИЈА
За шест месеци во оваа тековна година биле регистрирани две кривични дела кои завршиле со убиство, во кои имало три жртви од страна на двајца сторители. Минатата година завршила со пет кривични дела убиства и шест жртви во случаи на семејно насилство. И лани и од јануари до јуни досега имало по еден обид за убиство при расправија зад затворени врати во домовите меѓу партнери или членови на семејството во кои имало и по една жртва. Кај бројот на телесни повреди нанесени во вакви ситуации бројката е веќе загрижувачка. На годишно ново во 2023-тата достигнала 635 кривични дела во кои имало 647 сторители и 661 жртва. Меѓу младите се повеќе се присутни и физичките пресметки во кои се употребува и оружје. Зошто речиси секој ден билтените се полни со случаи на семејно насилство? Дали токму ваквите ситуации ги зголемуваат девијантните појави меѓу младите? Во Дневникот, Сузана Фиданска - Стоевска одговор побара од психологот и гешталт терапевт, Ана Попризова.