Матурантите заиграа во ист ритам

Околу илјада матуранти од 16 средни училишта од Скопје на плоштадот „Македонија“ танцуваа квадрил и положија заклетва за ненасилство. На музиката на штраусовата опера „Лилјакот“, матурантите танцуваа со сини, а матурантките облечени во жолти маички. Парад

Дата: 19.05.2017

Време траење: 00:02:17

Гледаност: 93

Категории: Македонија

Ана Јосифоска- Тодоровска
Матурска парада 2017-та година. Матурантите традиционално и оваа година, по 11-ти пат го одбележаа завршувањето на средното образование.
По пристигнување на сигналот од Словенија, матурантите од повеќе градови од земјава и од Европа заиграа во ист ритам. Пред започнувањето на танцот „Квадрил“, матурантите положија заклетва за ненасилство и толеранција.
Со „Матурската парада“ учениците се придружија на илјадници матуранти од повеќе европски градови и симболично се поврзаат преку музика, танц и дружење. Покровители на „Матурската парада 2017“ се Град Скопје и делегацијата на Европската унија.
На годинашната „Матурска парада“ во Скопје учествуваа повеќе од 1.000 ученици од повеќе средни училишта во Скопје, како и матуранти од Струга, Охрид, Струмица и од Гевгелија.



ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО