Подобра регулатива за бизнис- секторот

Компаниите недоволно ја познаваат бизнис регулативата, сметаат експертите. Малите и средните претпријатија се соочуваат со проблеми при спроведувањето на законските прописи. Законот за животна средина, за работни односи и за даноци ќе бидат тема на дебата

Дата: 10.05.2017

Време траење: 00:01:29

Гледаност: 88

Категории: Економија

Дијана Ценевска
Малите и средни претпријатија се соочуваат со проблеми при спроведувањето на законските прописи- причина недоволната информираност и капацитет. Ова го покажала анализата на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Според експертите, потребни се измени и прилагодувања на легислативата.
За законите за животна средина и урбанизам, за работни односи и за даноци, кај бизнисмените има најмногу дилеми. Компаниите не се доволно запознаени со процедурите.
Целта на проектот е поддршка на микро, малите и средните претпријатија за полесно имплементирање на законите и за подобра бизнис регулатива.



ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО