Исламска држава презеде одговорност за нападот во Париз

Одговорноста за вчерашниот напад на Елисејските полиња во Париз, во кој беше убиен еден полицаец, а двајца се сериозно повредени, ја презеде Исламска држава. Вториот осомничен за нападот, по кого трагаа француските власти, ѝ се предал на белгиската полици

Дата: 21.04.2017

Време траење: 00:02:31

Гледаност: 27

Категории: Свет

Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција за МРТ
Истрагата напредува за терористичкиот напад вчера вечер на Елисесјките полиња, утрвден е идентиетот на напаѓачот. Станува збор за лице кое и било познато на полицијата поради кривични дела. Медиумите зборуваат дека напаѓачот е Карим Шеруфи, на возраст од 39 години со место на живеење во Ливри- Гарган во Сен Сан Дени, во парискиот регион. Тројца негови блиски по претресот на неговиот дом се во притвор и на сослушување. Истрагата има за цел да утврди дали напаѓачот имал соучесници. При претресот полициски извори велат дека се најдени документи за неговата радикализација. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.



ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО