СДСМ го разгледува одговорот од ДУИ

Заев не видел што му испратил Ахмети како одговор на документот за кој очекуваше потписи за формирање влада. „Работни групи ги разгледуват материјалите. За нас е прифатливо се што е во рамките на Уставот“, вели првиот човек на Социјал-демократите.

Дата: 17.02.2017

Време траење: 01:38

Гледаност: 52

Категории: Македонија

Миле Ристески
Наместо потписи како одговор на испратениот документ кои ќе им овозможат формирање парламентарно мнозинство и влада, СДСМ од ДУИ доби предлог- решенија за Законот за употреба на јазиците. Лидерот на Социјал-демократите, Зоран Заев вели дека не видел што испратиле интегративците. Понудата од нив ја разгледувала работна група во која се Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и Рената Дескоска. Тој не знае кога ќе донесат одлука по предлогот на ДУИ.


Страна 1/...     

ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО