Една мајка, Се чуди,се мисли, ручек што да прави,
Прегледи: ...
Дата: 13-Дек-2016
Време траење: 00:21:50
Категории: ДЕТСКА ДРАМА НЕ Е ПРАЗНА СЛАМА
Една мајка, Се чуди,се мисли, ручек што да прави,
За децата што е најдобро да стави.
Во плакарот се сретна со браза храна, со еден хамбургер
Со болести триста
И со една пица како него иста.
Со еден хот дог изморен и без сила и со
газиран кој вели: Ме служат на свадба и слава,А потоа ги боли глава.
Една торта се туфка, везден Уфка,колку сум изморена
Колку ми се спие
Зошто ли е така
Што мислите вие?
Мајката се мисли,планови крои,што е најдобро за децата мои?
Ќе ѕирнам малку наоколу
Лево, право, десно,
Ќе морам да пронајдам
Нешто вкусно, здраво, лесно.
Ја зема корпата и во зеленчуковата градина влета во една мешаница. Ги ислуша доматот, пиперката, морковот , краствицата и зелката и рече: Вкусна салата од вас ќе правам
Со децата заедно и јас ќе се сладам.
Од овошната градина се слушна глас: И ние се јавуваме, на деца порачуваме,кој здрав да биде сака, веднаш да ни пружи рака
Се јавија овошки полни со витамини, овошје јужно за детското здравје многу нужно, и жолтата круша слатка за детската душа.
Вистина е права: Најмногу здравје во овошје има и затоа мора често да се прима.
Кошничката е полна –а мајката задоволна.
Научивме многу за храната ние,
пораката наша чујте ја вие. Најади се салата, витамини разни,
апотеки и болници за да бидат празни.
ГЛАСАМЕ САМО ЗА ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСТВОТО НАШЕ ДА БИДЕ БЕЗ МАНА.