ЗАСЕКОГАШ МЛАД- ПОЧЕТОЦИ

Гледачи: 114

Дата: 17-Ноем-2020

Време траење: 00:45:42

Категории: ДОКУМЕНТАРНА ПРОГРАМА - ЕМИСИИ

Новиот бран, познат како романтизам во музиката, кој ги одбележа 80- те години од минатиот век, кај нас го изроди феноменот на далеку познатиот – скопски ноќен живот.
Низ приказната за едно фантастично време, за тогашната мода, социјалниот код, скопската ноќна понуда која наликуваше на онаа од светските метрополи, но и за дружењето, довербата, почитта и љубовта меѓу тогашната млада генерација, преточена во документарниот филм „Засекогаш млад“, ве води познатиот градски лик, Милорад Цаиќ-Цајо, заедно со плејада менаџери и креатори на тоа незаборавно време.
„Засекогаш млад“- ТВ патување низ времето и навраќање на магијата на скопската ноќна шема од 80-те и 90-те.