Најавени субвенции за октомвриските плати

Гледачи: 0

Дата: 21-Окт-2020

Време траење: 00:00:54

Категории: ЕКОНОМИЈА

Ќе има субвенции за октомвриските плати. Владата деновиве ќе го испрати до Собранието законското решение за субвенционирање плати на компаниите- најави министерот за економија Бектеши. Вели дека ќе се стаса со решението до почетокот на ноември. Четвртиот сет антикризни мерки беа најавени пред три недели, дел од нив, не можат да се применуваат поради тоа што не е донесен ребалансот на буџетот, ддоека за дел, не се усвоени законските измени. Од Светска банка посочуваат- економиите да се фокусираат на реформи кои се клучни да се одржи и зголеми растот.