Столтенберг: Кризата сите нѐ потресе, но НАТО од неа ќе излезе посилен

Гледачи: 97

Дата: 14-Апр-2020

Време траење: 00:00:35

Категории: МАКЕДОНИЈА

Кризата сите нѐ потресе, но НАТО од неа ќе излезе посилен, изјави на видеопрес-конференцијата генералниот секретар на алијансата Столтенберг. Тој потсети какви операции има досега преземено НАТО во справувањето со пандемијата. Меѓу другото, ја посочи и доставата на медицинската и на финансиската помош за најновиот сојузник, Северна Македонија. Во Брисел утре почнува виртуелниот самит на министрите за одбрана на НАТО, на којшто за првпат полноправно учествува и македонската министерка Радмила Шеќеринска.