При претставувањето на приоритетите на Хрватското претседателство со ЕУ, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ уште еднаш нагласи дека организирањето на Загребскиот самит меѓу ЕУ и Западен Балкан и отворањето на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, се меѓу главните приоритети- јавува дописникот на МТВ од Стразбур...
Прегледи: ...
Дата: 14-Јан-2020
Време траење: 00:02:22
Категории: МАКЕДОНИЈА
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кога зборуваше за проширувањето, приоритетите ги претстави на француски јазик при што јасно порача: „Ние не ја криеме нашата амбиција да се обидеме да добиеме поддршка од земјите членки за отворање на преговори за членство со овие две земји, нагласи тој. Идниот извештај на Европската комисија и предлозите за подобрување на методологијата за процесот на преговорите ќе бидат важни. За кредибилноста на политиката на проширување важно е да се зачуваат принципите на почитување на политичките критериуми, критериумите за референци и за индивидуален напредок. Секоја земја кандидат треба да се оценува врз нејзините резултати, крајната цел на преговорите останува членството во ЕУ. Тоа треба да биде главната определба на политиката за проширување“, рече Пленковиќ.
Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ