Добриот квалитет на тутунот ја зголеми откупната цена. Досега се предадени повеќе од 80 проценти од производството, а поголемиот дел е проценет со прва и со втора класа. Тутунарите се задоволни и нема многу забелешки за неправилности. Според експертите, се очекува сезоната за преземање на родот да заврши до предвидениот рок, односно до крајот на месецов...
Прегледи: ...
Дата: 14-Јан-2020
Време траење: 00:01:10
Категории: ЕКОНОМИЈА
Од планираните 26.000 тони досега се откупени повеќе од 80 проценти, односно 20.000 тони тутун. Просечната откупна цена изнесува 222,5 денари за килограм и е највисока во последните шест години. Деветте монополи исплаќаат во предвиденте рокови, па дури и порано. Вредноста на превземениот тутун е близу 4,3 милијарди денари, од кои што 4,1 милирјарда се веќе на сметките тутунопроизводителите.
Методија Трајков