Се олеснува користењето на парите од ИПАРД програмата. Земјоделците ќе добијат можност за предфинансирање, односно да добијат дел од поддршката пред да ја завршат инвестицијата. Ова беше голем проблем особено што фармерите мораа самите однапред да ја платат целата сума за потоа да добијат поврат на половина од вложеното...
Прегледи: ...
Дата: 10-Јан-2020
Време траење: 00:01:38
Категории: ЕКОНОМИЈА
Последните законски измени предвидуваат можност за предфинансирање за корисниците на ИПАРД програмата. Досега земјоделците за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски производи мораа да земат банкарски кредити или друг вид на заем за да го реализираат одобрениот проект, а потоа државата им враќаше 50 или поголем процент од вложените пари.
Методија Трајков