Неговиот првенец „Пред дождот“ се појави во период кога домашната кинематографија се освестуваше од долг период на дезориентираност и креативна безизлезност
Прегледи: ...
Дата: 18-Дек-2019
Време траење: 00:01:56
Категории: КУЛТУРА
Неговиот првенец „Пред дождот“ се појави во период кога домашната кинематографија се освестуваше од долг период на дезориентираност и креативна безизлезност. Во период на редефинирање и барање на сопствениот идентитет. Мораше да се потпре на сопствените сили, а потоа да почне повторно да работи и соработува рамноправно и одговорно со други кинематографери и компетитивни пазари. Вака академиците гледаат на 25-годишнината од премиерата на најуспешниот игран филм во македонска кинематографија и најзначаен културен производ на Македонија.