Потребно е Flash plugin да биде инсталиран и активиран за да се прикаже видеото. Ве молиме кликнете долу за да го превземете и инсталирате.

Доколку е веќе инсталиран, а сепак се прикажуваа оваа грешка, тоа значи дека plugin-от не е активиран. За да го активирате направете ги следните чекори. Од менито за опции изберете Manage Add-ons, потоа Toolbars and extensions, потоа селектирајте Shockwave Flash Object и кликнете на Enable во долниот десен агол. Потоа направете refresh на страната.

Друго решение е да користите Google Chrome, Microsoft Edge, Safari или Opera прелистувач, бидејќи тие немаат потреба од Flash plugin.

..




Четвртата сезона на „Преспав“ во декември на МРТ

На сетот на најгледаната македонска телевизиска комедија – „Преспав“ беше многу живо. Свои размислувања и најави за тоа што ќе се случува со нивните ликови дадоа: Игор Џамбазов (Миле), Васил Зафирчев(Марио), Игор Ангелов(Коста), Адриан Азири(Наим) и Гоце Стојаноски (Инспектор Томе).

Прегледи: ...

Дата: 20-Ноем-2019

Време траење: 00:11:26

Категории: КУЛТУРА

Игор Џамбазов кажа дека му е чест да работи со најпознати балкански актерски ѕвезди и дека Преспав од декември ќе се емитува и на најпозната бугарска телевизија Би-Ти-Ви комеди. За ликот на Миле кажа дека ќе се труди да се одвикне од алхохолот, но тоа ќе оди многу тешко.
Васил Зафирчев најави дека во четвртата сезона на Преспав ќе се случи и 100-тата јубилејна епизода. За ликот на Марио кажа дека и понатаму ќе остане лик кој што прави највеќе сплетки и понатаму останува вегетаријанец, будист...
Игор Ангелов кажа дека му е задоволство да работи со ваква интересна екипа, дека многу ги сака браќата, но и актерките во серијата.
Адриан Азири- Наим кажа дека со нетрпение го чекал почетокот на снимањето на 4-тата сезона и дека многу убава соработка има со сите колеги.
Гоце Стојаноски потенцира дека тимот кој го сочинува Преспав и кој ја прави реализацијата е без прекорен и во оваа сезона треба да очекуваме многу интересни случки. На тоа Гоце додеде дека „Не треба да чекаме некој да ни го разубави денот, тоа треба сами да го направиме“.

Автор и новинар: Кате Стојановска – Десковска
Снимател: Дејан Божиновски
Монтажа: Ирена Белул