Потребно е Flash plugin да биде инсталиран и активиран за да се прикаже видеото. Ве молиме кликнете долу за да го превземете и инсталирате.

Доколку е веќе инсталиран, а сепак се прикажуваа оваа грешка, тоа значи дека plugin-от не е активиран. За да го активирате направете ги следните чекори. Од менито за опции изберете Manage Add-ons, потоа Toolbars and extensions, потоа селектирајте Shockwave Flash Object и кликнете на Enable во долниот десен агол. Потоа направете refresh на страната.

Друго решение е да користите Google Chrome, Microsoft Edge, Safari или Opera прелистувач, бидејќи тие немаат потреба од Flash plugin.

..




Со Македонија во срцето

25 години : Амбасадори на македонската музика во Хрватска и регионот

Прегледи: ...

Дата: 25-Септ-2019

Време траење: 00:13:37

Категории: КУЛТУРА

Нова турнеја на „Езерки“ и „7/8“ во Македонија
Концертни настапи во Кавадарци, Ресен и Битола


Оваа есен и публиката од Кавадарци, Ресен и Битола ќе можат да ја доживеат „музичката магија“ којашто, со себе ја носат „Езерки“ и оркестарот „7/8“ (Седум осмини), од Р.Хрватска. Безмалку 25 години во рамки на Хрватско-македонското друштво во Загреб, делуваат женскиот вокален ансамбл „ Езерки“ и оркестарот „ 7/8 “.
Членовите се Хрватски државјани, постојано населени во градот Загреб. Некои од членовите(помал број) се родени Македонци, додека „останатите“, со Македонија не ги врзува „ништо“, освен оние малечки нешта што значат „Живот“.
„И додека женскиот вокален состав „ Езерки“ го сочинуваат 15 дами, коишто пеат троглас, а некои од нив имаат и исклучителен настап како солисти за време на концертите, оркестарот „7/8“ претставува формација на измешани генерации и профили, „зачинети“ со енергијата на неколку познати хрватски рокери и џез музичари кои, само му даваат на овој, нетипичен инструментален состав, еден поинаков звук и емоција“.
Оркестарот се состои од 6 постојани, и 4-5 придружни членови. Во оркестарот се застапени и неколку „типични“ инструменти за македонската музичка традиција, какви што се тапанот или кавалот, придружени кон хармоника, брач(бас-прим), ударалки, бас гитара, гитара, виолина, саксофон, труба и туба.
Со вокалниот состав раководи: Дарка Крагович, а со оркестарот раководи и воедно е задолжен за арранжманите, обработките на музичките нумери, но и комплетниот сценски „печат“ на овој извонреден етно состав, познатиот Бруно Урлич (некогашен член на групата„Забрањено пушење“).
Низ годините наназад „Езерки“ и „ 7/8“ соработуваа со голем број етаблирани имиња и авторитети од светот на музиката, како Миленко Прохаска, Љубомир Бранѓолица, Златко Гал, Бодан Арсовски...а гости на нивните концерти и албуми, биле дел и од нај афирмираните интерпретаторски имиња од Балканската музичката сцена, меѓу првите и нашиот Тоше Проески.
„Елено ќерко“, „Јовано,Јованке“, „ Македонско девојче“, „Море сокол пие“, „Си заљубив едно моме“, „ Зајди , зајди“, „ Ајде слушај калеш бре Анѓо “, „Со маки сум се родил“.., како и бравурозно изведените ора „ Калајџиско“, „Комитско“, „ Касапско“, се само дел од „Бисерите“ од македонската традиционална музичка ризница, коишто си го најдоа своето место на албумите и на концертите на „Езерки“ и оркестарот „7/8“, како во Хрватска, така и во: Босна и Херцеговина, Италија, Словенија, Македонија.
Досега имаат издадено 4 албуми: „ Livingroom“ – Песни од големата одаја, (2003), „Бакнеж“ (2006), „Мустра“ (2010) и „Амфитеатар“ (2014), потоа CD/DVD „Спектакл“ (2008), како и документарниот филм „Луди по Македонија“ по сценарио и режија на Антонија Крен и Бруно Урлиќ(2017). Дел од композициите во изведба на „Езерки“ и „7/8“ досега се застапени на неколку интернационални компилации со етно музика.
Нивните концерти изобилуваат и со „заразно “ позитивна енергија, на којашто не останува рамнодушна ниту публиката од регионот. Факт, којшто покажува и докажува дека: музиката и нештата коишто се прават со љубов и вистинска посветеност ги пренебрегнуваат границите меѓу културите, земјите и народите.

25.09.2019 година/среда-Кавадарци: Дом на Културата. Почеток 19:00 часот

26.09.2019 година/четврток-Ресен: Дом на Културата. Почеток 20:00 часот

27.09.2019 година-Битола: Дом на Културата. Почеток 19:00 часот




Прилогот е емитуван во емисијата „Неделен Магазин“ на 16.06.2019 година.
Автор : Каролина Петковска, снимател: Светозар Ристов, монтажа Владимир Ангелов и Ирена Белул.