Сомнеж дека Јанева ја напуштила државата

Јавноста чека одговори дали Јанева ја напуштила државата злоупотребувајќи го оправдувањето со боледувањето велат од ВМРО ДПМНЕ.

Гледачи: 6

Дата: 19-Јули-2019

Време траење: 00:00:32

Категории: МАКЕДОНИЈА

Јавноста чека одговори дали Јанева ја напуштила државата злоупотребувајќи го оправдувањето со боледувањето велат од ВМРО ДПМНЕ. За партијата ова е потврда дека површно и тенденциозно се води постапката и истрагата за откривање на овој огромен скандал. Ако веќе постојат индиции дека Катица Јанева е вмешана во овој криминален октопод кој изнудувал, рекетирал и се заканувал на осомничени во постапка на СЈО, истрагата не смеела да се сведе само на одземање на еден од двата телефона на Јанева, велат од ВМРО ДПМНЕ.