Македонски узус - Емисија 3

Оваа емисија е посветена на акцентот во македонскиот јазик, на великанот Блаже Конески и на нашите дијалекти.

Гледачи: 33

Дата: 30-Апр-2019

Време траење: 00:22:22

Категории: МАКЕДОНСКИ УЗУС

Гости во емисијата се: д-р Елизабета Бандиловска од Педагошкиот факултет „ Св. Климент Охридски“- Скопје, д-р Снежана Велковска и д-р Веселинка Лаброска од Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков.

Поезија од Блаже Конески интерпретира Владо Денчов.

Во светски познатата „Т`га за југ “ особено внимание обрнуваме на стихот: „ а в гр`ди студој и мисли темни “ , за да објасниме нешто од струшкиот и од охридскиот дијалект.