Светска банка станува партнер на фондот

Две третини од компаниите кои биле финансирани од Фондот за иновации го зголемиле профитот.

Гледачи: 4

Дата: 15-Апр-2019

Време траење: 00:01:47

Категории: ЕКОНОМИЈА

Две третини од компаниите кои биле финансирани од Фондот за иновации го зголемиле профитот. Од Фондот велат дека е новина што во финансиската поддршка на компаниите сега учествува и Светска банка. Според првиот човек на Фондот, Деспотовски во вториот јавен повик кој е вреден пет милиони евра, два милиона се од Светска банка, пари кои ќе ги добијат компаниите за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. Од Фондот велат дека досега се направени 811 регистрации. Најавуваат дека дел од приходот на компаниите ќе се вложува во нови програми.