Потребно е Flash plugin да биде инсталиран и активиран за да се прикаже видеото. Ве молиме кликнете долу за да го превземете и инсталирате.

Доколку е веќе инсталиран, а сепак се прикажуваа оваа грешка, тоа значи дека plugin-от не е активиран. За да го активирате направете ги следните чекори. Од менито за опции изберете Manage Add-ons, потоа Toolbars and extensions, потоа селектирајте Shockwave Flash Object и кликнете на Enable во долниот десен агол. Потоа направете refresh на страната.

Друго решение е да користите Google Chrome, Microsoft Edge, Safari или Opera прелистувач, бидејќи тие немаат потреба од Flash plugin.

..




И ШТО СЕГА? - 28.03.2019

На Македонија и претстои навистина суштински, интересен и пред се, значаен период.

Прегледи: ...

Дата: 29-Март-2019

Време траење: 00:49:25

Категории: И ШТО СЕГА

На Македонија и претстои навистина суштински, интересен и пред се, значаен период. Претседателските избори за шестиот шеф на државата, посетата на папата Франциск во мај, претстојните европски избори во пресрет на одлуката на Европскиот Совет за отворање на поглавјата во јуни на што земјава чека 15 години. Конечно, полноправниот прием во Северноатлантската алијанса на 70-годишнината на НАТО, на што исто така чекаме 2 децении. Пред земјава се отвораат нови геополитички хоризонти, упатување кон светот на западните, високоразвиени демократии. Тоа е поттик да се напредува, но и обврска поради хипотеките во развојот од минатото, на секое поле. За меѓународната позиција на државата разговараме со Виктор Димовски-државен секретар во МНР, дипломат од кариера и доктор на социополитичките науки од Универзитетот Свети Кирил иМетодиј. Гледајте ја„И што сега“ на МТВ со Зоран Богатинов.