Потребно е Flash plugin да биде инсталиран и активиран за да се прикаже видеото. Ве молиме кликнете долу за да го превземете и инсталирате.

Доколку е веќе инсталиран, а сепак се прикажуваа оваа грешка, тоа значи дека plugin-от не е активиран. За да го активирате направете ги следните чекори. Од менито за опции изберете Manage Add-ons, потоа Toolbars and extensions, потоа селектирајте Shockwave Flash Object и кликнете на Enable во долниот десен агол. Потоа направете refresh на страната.

Друго решение е да користите Google Chrome, Microsoft Edge, Safari или Opera прелистувач, бидејќи тие немаат потреба од Flash plugin.

..




Витраж - Сезона 11 - Емисија 24

Во новото издание на емисијата ВИТРАЖ ви претставуваме колаж на теми од областа на културата. За најновото дело на еден од нашите најплодните музички дејци, „Антологија на македонското црковно пеење“, разговараме со музичкиот доајен, Јане Коџабашија.

Прегледи: ...

Дата: 27-Март-2019

Време траење: 00:40:54

Категории: ВИТРАЖ

Во новото издание на емисијата ВИТРАЖ ви претставуваме колаж на теми од областа на културата. За најновото дело на еден од нашите најплодните музички дејци, „Антологија на македонското црковно пеење“, разговараме со музичкиот доајен, Јане Коџабашија.
Ви овозможуваме увид во делата на скулпторот Љубиша Камењаров, чија креативност се врзува за различни медиуми на изразување, а неговото авторство е своевиден коментар на актуелни теми кои не засегаат во модерното живеење.
Предизвикот кој го носат новите технологии како платформа за иновативен начин на изразување го прифати проф. Милчо Узунов кој е автор на книгата „Основи на сценографската проекција“, во која се презентирани софистицираните можности на технологијата во функција на модерниот уметнички израз.
Ја истражуваме магијата на заживувањето на традиционалните занаети преку модерните техники на изработка на дизајнерот Елена Поповска.
Ви овозможуваме увид во изложбата „Асиметрични записи“ на сликарката Ивона Тричковска, и ве информираме за престижната награда која Меѓународната асоцијација на кинематографери, ИМАГО, ја додели на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“