35,7 милиони евра за рурален развој

Вкупно 35,7 милиони евра годинава ќе можат да се искористат за руралниот развој. Младите земјоделци за основање на сопствен бизнис ќе добијат двојно поголеми субвенции, односно по 20 000 евра. Дупло повеќе пари се предвидени и за набавка на добиток и на трактори.

Гледачи: 67

Дата: 8-Фев-2019

Време траење: 00:01:13

Категории: ЕКОНОМИЈА

Методија Трајков
Годинава младите земјоделци кои ќе почнат сопствен бизнис ќе имаа право на двојно поголема финансиска поддршка, и тоа наместо досегашните 10.000, по 20.000 евра за корисник. Се укинува и условот од 18 месеци за упис во Единствениот регистар, со што се отвора шанса за повеќе млади луѓе да ги искористат субвенциите.
Вкупната сумата за набавката на добиток се зголемува од 14 на 91 милиони денари, a за трактори од 30 на 60,2 милиони денари.
За инвестиции во маркетинг на земјоделските производи и продавање на пазарниот вишок, исто така се предвидени повеќе пари и тоа наместо 300 илјади, скоро 4 милиони евра.
Најголем раст на финансиската поддршка ќе има за советодавните услуги. Сумата за советниците за мерките од Националните програми и од ИПАРД фондовите ќе зголеми за 900 проценти. Пари ќе има повеќе и за промоцијата на македонските земјоделски производи дома и во странство. Со овие средства ќе биде поддржано учеството и презентацијата на уште 25 нови домашни и странски саемски манифестации.